Реал Мадрид реагираше експресно по заминувањето на Гонзало во Фулам и го ангажираше младиот шпански напаѓач Карлос Еспи од редовите на Леванте. По согласноста од Жозе Мурињо, мадридскиот гигант ја плати откупната клаузула вредна 25 милиони евра и му понуди на младиот фудбалер долгорочна соработка со важност до 2031 година. Еспи ги комплетираше лекарските прегледи, по што веднаш им се приклучи на новите соиграчи.
Иако младиот офанзивец претходно водеше сериозни преговори со неколку клубови од англиската Премиер лига, сите разговори беа прекинати во моментот кога пристигна повикот од „Сантијаго Бернабеу“. За Леванте овој трансфер доаѓа во клучен период поради финансиските потешкотии со кои се соочува клубот, а воедно претставува и рекордна продажба на играч потекнат од нивната младинска школа.
Карлос Еспи е петто засилување за мадриѓаните во овој преоден рок, по пристигнувањето на Марк Кукуреља, Бернардо Силва, Дензел Думфрис и Ибрахима Конате.

