Она од кое се стравуваше, сега е и официјално потврдено, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда ќе го пропушти Ролан Гарос. Повредата на зглобот на десната рака е посериозна од она првично што се очекуваше, па младиот тенисер нема да има можност да настапи на грен слем турнирот во Париз и да ја брани титулата која ја освојуваше во последните две години едно по друго.
Алкараз важеше за прв фаворит за освојување на Ролан Гарос, а поради повредата сега Јаник Синер е прв фаворит и може дополнително да ја зголеми бодовната предност на АТП листата.

