Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, порача дека е подготвен да продолжи понатаму со Бруно Фернандеш како капитен, и покрај шпекулациите за нарушени односи по поразот од Комо во Лигата на шампионите и преседувањето на Португалецот на клупата при првенствениот пораз од Борнмут (0:3).
„Тоа беше одлука само за тој конкретен меч. Бруно е целосно посветен на овој фудбалски клуб. Немам никаков проблем со тоа, одиме понатаму и целосно сме фокусирани на следниот предизвик“, изјави Карик пред гостувањето кај Челзи во Лондон.
Англискиот стратег исто така истакна дека не му се потребни никакви јавни гаранции од раководството на клубот за неговата позиција на клупата, нагласувајќи дека во целост ја разбира одговорноста што ја носи оваа функција. Тој додаде дека го игнорира медиумскиот притисок и гласините за негова смена, насочувајќи го целото внимание кон навивачите и подобрување на играта на тимот.

