Кошарка Меѓународна кошарка

Кари го чека новиот Голден Стејт, раководството го „преспа“ преодниот рок!

Голден Стејт Вориорс остана единствениот тим во НБА-лигата што сè уште нема доведено ниту еден нов играч од пазарот на слободни агенти.

Раководството на тимот од Сан Франциско го мина летото чекајќи го Леброн Џејмс. Откако тој ја избра Филаделфија, Вориорс останаа без главната мета и со сиромашен избор на играчи.

Клубот успеа да го задржи Дјиантони Мелтон, а нов договор се очекува и за Дрејмонд Грин. Сепак, тоа се само стари имиња во тимот.

Пасивноста е загрижувачка бидејќи 38-годишниот Стеф Кари нема уште многу време за чекање. Тимскиот лидер веќе порача дека клубот мора да делува значително поагресивно.

Дополнителен проблем е и сериозната повреда на Џими Батлер, кој ќе паузира до почетокот на 2027 година. Вориорс засега ги следат Демар Дерозан, Брендон Вилијамс, Ерон Холидеј и Гери Пејтон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.