Меѓународен фудбал Фудбал

Капитенот на Јуве итно опериран: Локатели избегна катастрофа, но го чека долга пауза

Јувентус се соочува со вистинска катастрофа кога се во прашање повредите, откако капитенот Мануел Локатели замина на итна операција на менискусот во Лион, по што го чека пауза од четири до шест месеци.

Италијанскиот репрезентативец страдаше на дербито против Милан, а по утринските консултации кај светски познатиот хирург Бертран Соне Коте, беше донесена експресна одлука за хируршки зафат. Во Торино решија да не ризикуваат за да не се повтори кошмарното сценарио на Пол Погба од 2022 година, кога одложувањето на операцијата и изборот на конзервативни методи трајно му го уништија коленото и ја трасираа неговата кариера кон пропаст.

Со оваа брза реакција Локатели си ја спаси фудбалската иднина, но за него оваа календарска година е завршена и враќањето на терените се очекува дури во периодот меѓу јануари и март.

За тренерот Лучано Спалети ова е трет тежок удар во рок од само десет дена, откако претходно надвор од строј излетаа и Кенан Јилдиз (скршеница на стапалото, три месеци пауза) и Кефрен Тирам (оштетување на рскавицата, четири месеци пауза). Со целосно десеткуван среден ред каде што здрави останаа само Даглас Луиз, Тен Копмајнерс и младиот Овусу, како и со дополнителни повреди на Камбијазо, Екатор, Кабал и Бога, „Старата дама“ влегува во една од најтешките кадровски кризи во поновата историја.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.