Капитенот на Челзи, Рис Џејмс, успешно го мина хирушкиот зафат на коленото, потврдија од лондонскиот клуб. Англискиот репрезентативец го пропушти убедливиот триумф над Борнмут од 5:1 на „Стамфорд Бриџ“ откако заработи повреда на еден од последните тренинзи, по што деталните медицински прегледи потврдија дека операцијата е неизбежен чекор.
Иако од клубот не прецизираа колку точно ќе трае процесот на рехабилитација, англиските медиуми пренесуваат дека 26-годишниот дефанзивец го чека пауза од најмалку три месеци. Ова е нов огромен хендикеп за „сините“, имајќи предвид дека Џејмс веќе со години се бори со зачестени повреди кои периодично го оддалечуваат од терените и ја нарушуваат неговата достапност на десната бековска позиција.

