Репрезентацијата на Иран се соочи со неочекувани проблеми при патувањето од Мексико кон САД, откако напаѓачот Мехди Тареми и помошниот селектор Саид Алхој беа привремено задржани од американските власти на аеродромот. Според соопштението на Фудбалската федерација на Иран, двајцата биле повикани на дополнителна проверка и разговор, што предизвикало околу 25-минутно доцнење на целата експедиција. По завршувањето на процедурите, тие повторно им се приклучиле на соиграчите и стручниот штаб, по што тимот отпатувал за Сиетл.
Од федерацијата не открија што точно било причина за испрашувањето, но посочија дека инцидентот се случил при едно од патувањата на националниот тим кон САД за време на Светското првенство. Иранската селекција е сместена во Тихуана, Мексико, а не во САД, што е последица на актуелните политички тензии меѓу Вашингтон и Техеран.
Во меѓувреме, фокусот на репрезентацијата останува на претстојниот натпревар против Египет. Победа на овој дуел би значела обезбедување место во осминафиналето на Мундијалот 2026, па секое одвлекување на вниманието во пресрет на мечот е дополнителен предизвик за иранскиот состав.

