Меѓународен фудбал Фудбал

Кансело бесплатно потпишува за Барселона!

Барселона комплетираше уште еден голем бизнис ова лето откако Жоао Кансело успеа да избори раскин на договорот со Ал Хилал и како слободен играч се враќа на „Камп Ноу“. Ова ќе биде трет мандат за Португалецот во редовите на каталонскиот гигант, но овојпат со траен договор откако претходно настапуваше како позајмен фудбалер од Манчестер Сити и од саудискиот клуб.

Кансело влезе во конфликт со тренерот Симоне Инзаги, поради што ги жртвуваше преостанатите 15 милиони евра од годишната плата во Саудиска Арабија за да добие „чисти хартии“ и да прифати значително пониска заработувачка во Шпанија. Португалскиот бек минатата полусезона веќе беше стандарден во тимот на Ханси Флик на левата бековска позиција, каде што во новата сезона ќе има уште поголема слобода во офанзивата благодарение на дефанзивната дисциплина на новото засилување Ентони Гордон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.