Репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина вечерва го започнуваат својот пат на Светското првенство во меѓусебен дуел од групната фаза. Канаѓаните влегуваат во овој натпревар како повисоко рангирана селекција на 30. место на ФИФА листата, додека за Босна и Херцеговина ова е големо враќање на мундијалската сцена по нивното последно учество во 2014 година.
За еден од домаќините на турнирот, селекцијата на Канада, ова е трето учество на светските шампионати и нова можност конечно да се избори за историски пласман во нокаут-фазата. Предводени од искусното јадро, Канаѓаните се очекува да истрчаат во балансирана 4-4-2 формација со Максим Крепо на голот, дефанзивна линија со Лариеа, Корнелиус, Де Фужерол и Џонстон, во средниот ред ќе делуваат Милар, Коне, Еустакио и Буканан, додека во нападот ќе стартуваат најопасните Кајл Ларин и Џонатан Дејвид.
Од друга страна, Босна и Херцеговина доаѓа како аутсајдер кој сепак поседува квалитет да му направи проблеми на секој противник. По 12 години пауза, „змаевите“ исто така се очекува да одговорат со дисциплинирана 4-4-2 тактика и да се потпрат на цврстата одбрана. Според најавите на медиумите, на голот ќе биде Васиљ, во дефанзивата ќе почнат Колашинац, Мухаремовиќ, Катиќ и Дедиќ, средниот ред ќе го сочинат Алајбеговиќ, Тахировиќ, Башиќ и Бајрактаревиќ, а напаѓачкото дуо ќе го предводат Ермедин Демировиќ и легендарниот Един Џеко.

