Канада официјално потврди дека сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан е добредојден да суди натпревари во Ванкувер, и покрај тоа што му беше одбиен влез во САД. Артан, кој беше избран меѓу судиите за Светското првенство 2026 и требаше да стане првиот Сомалиец што ќе суди на Мундијал, но беше запрен на аеродромот во Мајами поради безбедносни проверки и не му беше дозволен влез во САД.
Оваа одлука предизвика големи реакции во фудбалската јавност, бидејќи Артан е прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година. Иако ФИФА потврди дека моментално нема да може да суди на турнирот, канадската поддршка отвори надеж дека сепак би можел да биде вклучен во натпреварите што ќе се играат во Ванкувер.
Случајот повторно ја отвори дебатата за влијанието на имиграционите политики врз меѓународните спортски настани. За многумина, канадската реакција беше сигнал дека спортот треба да остане над политичките и административните бариери.

