Новиот проект на Жозе Мурињо во Реал Мадрид наиде на првата сериозна кочница на пазарот. Португалскиот стратег, со целосна поддршка од Флорентино Перез, веќе ги обезбеди Дензел Дамфрис, Марк Кукуреља, Ибрахима Конате и Бернардо Силва, но за да ја ангажира главната офанзивна желба, Енцо Фернандез од Челси вреден 120 милиони фунти, клубот мора итно да продаде некого за да ослободи буџет.
Првичниот план на „кралевите“ да соберат пари од продажбата на 23-годишниот Едуардо Камавинга експресно пропадна бидејќи Французинот категорично одбива да си замине. Со оглед на тоа што и Дани Себалос бара раскин на договорот без обесштетување, Реал сега е притиснат да ги разгледува понудите на Манчестер Јунајтед за Орелиен Чуамени. Доколку трансферот на Фернандез пропадне, Мурињо како алтернативи ги има Матеус Фернандес, Ајуб Буади, додека активирањето на клаузулата за Нико Паз зависи од тоа дали младиот играч ќе добие гаранција за минутажа во Мадрид.

