Меѓународен фудбал Фудбал

Каиседо: Сакам да станам вистинска легенда на Челзи!

Репрезентативецот на Еквадор, Моизес Каиседо, отворено ги сподели своите амбиции по скорошното потпишување на новиот седумгодишен договор со Челзи. Одличниот дефанзивен играч од средината истакна дека воопшто не се двоумел кога пристигнала понудата од раководството за продолжување на соработката.

„Кога ми го понудија договорот, веднаш прифатив бидејќи мојата желба на „Стемфорд Бриџ“ е сосема јасна и недвосмислена. Сакам да станам вистинска легенда на овој клуб“, порача моќниот Еквадорец за англиските медиуми.

Каиседо исто така се осврна и на својот партнер од средниот ред, Енцо Фернандез, за кого постои огромен интерес летово. Тој не ја криеше желбата Аргентинецот да остане во Лондон, иако свесно избегна дополнително да ги коментира медиумските шпекулации околу неговиот евентуален трансфер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.