Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Кадетите ќе бараат подобар пласман преку дуелите со Италија и Турција

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство, а сега ја очекуваат нови предизвици во разигрувањето за конечен пласман. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски имаа исклучително тешка задача уште од самиот почеток, бидејќи ждрепката ги спои со три силни селекции: Франција, Словенија и Шведска. И покрај трите порази, младите македонски ракометари оставија добар впечаток, а најблиску до позитивен резултат беа во дуелот со Шведска.

Во следната фаза Македонија ќе настапи во првата група од разигрувањето, каде ќе одигра два натпревари. Првиот е закажан за понеделник од 14:30 часот против Италија, додека вториот ќе се игра во вторник од 12:00 часот против Турција. Во оваа група се наоѓа и селекцијата на Шведска, против која Македонија веќе одигра натпревар во групната фаза. Само најдобропласираната репрезентација ќе избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. позиција, каде ќе се приклучи и најдобрата второпласирана селекција од трите групи. Останатите репрезентации ќе продолжат во борбата за пласман од 17. до 24. место на Европското првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.