Ракомет Репрезентација на Македонија

Кадетите демонстрираа сила против Италија за прва победа на ЕП

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го запиша првиот триумф на Европското првенство во Белград, откако во рамките од борбата за пласман убедливо ја совлада селекцијата на Италија со 33-23. По исклучително тешката групна фаза, избраниците на селекторот Кузманоски покажаа очигледна разлика во квалитетот и од самиот почеток диктираа темпо кое противникот едноставно не можеше да го следи.

Македонските младинци тргнаа фуриозно со водство од 3-0 и 4-1, а по кусиот пад каде Италијанците се приближија на 6-5, следуваше нова серија предводена од Ѓоргиески и Поповски за заминување на пауза со сигурни 17-13. Решението околу победникот пристигна во првиот дел од второто полувреме, кога со гранитна одбрана и брза реализација Македонија се одлепи на 25-18 во 45. минута, а набрзо предноста порасна и на максимални +11 (29-18).

Најрасположен во македонскиот табор беше Бобан Поповски кој ја предводеше листата на стрелци со девет погодоци, додека Ѓоргиевски и Ѓоргиески дадоа значаен придонес со по шест постигнати гола за рутинска завршница и убедлив триумф.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.