Боречки спортови Други спортови

Каде е границата на дозволените удари во УФЦ и зошто борците се немоќни пред судиите?

Настанот на УФЦ во Вашингтон донесе одлични борби, но и нова голема судиска контроверза која ја бранува спортската јавност.

Бразилецот Алекс Переира го загуби мечот против Сирил Ган по серија контроверзни удари во потилот. Со оваа победа Переира можеше да стане првиот борец со титули во три различни тежински категории. Наместо тоа, судијата Херб Дин ја прекина борбата и му го додели појасот на Ган.

По мечот, Переира јавно ги критикуваше судијата и својот противник на социјалните мрежи. Тој тврди дека Ган има долга историја на неспортски удари и побарал посебно внимание пред борбата. Легендарниот судија се правдаше дека ударите биле легални, но Переира објави слика со голем хематом на потилот.

Поддршка за Переира пристигна и од поранешниот шампион Доминик Круз. Тој изјави дека комисиите секогаш ги штитат судиите, додека борците редовно остануваат оштетени во вакви ситуации.

Тензиите дополнително пораснаа по настанот во Азербејџан. Таму Шара Магомедов постојано го влечеше за коса Мишел Переира, но судиите не реагираа. Магомедов победи, а Мишел подоцна доби отказ од организацијата.

Најголемиот проблем е што УФЦ нема директна контрола над судиите. Нив ги одредуваат државните атлетски комисии, па организацијата не може да ги казни за направените грешки.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.