Џон Стоунс би можел да ја продолжи својата кариера во италијанската Серија А. Јувентус започна преговори со застапниците на англискиот дефанзивец за негов трансфер.
Искусниот 32-годишен фудбалер летово ја заврши десетгодишната епизода во Манчестер Сити. Иако за него беа заинтересирани повеќе клубови, клубот од Торино прв направи конкретен чекор.
Јувентус зад себе има разочарувачка сезона со освоено шесто место во италијанскиот шампионат. Лучано Спалети сака да донесе искусен дефанзивец кој одлично гради игра од последната линија.
Стоунс минатата сезона имаше проблеми со повреди и одигра само 18 натпревари за Сити. Сепак, тој ги одигра сите клучни мечеви за Англија на Мундијалот под водство на Томас Тухел.
Арсенал исто така ја следи ситуацијата поради сериозната повреда на Вилијам Салиба. Сепак, Јувентус во моментов е во предност да го комплетира овој голем трансфер.

