Меѓународен фудбал Фудбал

Јувентус сака да го врати Миленковиќ во Серија А!

Никола Миленковиќ по две години поминати во Премиер лигата би можел да се врати во италијанската Серија А. Според пишувањата на порталот „Калчомеркато“, Јувентус е сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Нотингем Форест.

„Старата дама“ има потреба од засилување на дефанзивната линија поради неизвесноста околу статусот на Федерико Гати и Бремер. Миленковиќ, кој од 2017 до 2024 година со успех го носеше дресот на Фиорентина, прикажа одлични партии изминатите две сезони во Англија, со што дополнително ја зголеми својата вредност на пазарот.

Клучниот проблем во преговорите би можеле да бидат високата плата на фудбалерот, како и обесштетувањето од 27 милиони евра кое го бара Нотингем Форест. Доколку дојде до договор, тој би станал новиот српски репрезентативец во Торино, откако тимот годинава веќе го напуштија Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.