Лацио приреди големо изненадување во Торино, совладувајќи го Јувентус со убедливи 3:0 во натпревар од Серија А. Римјаните ја потврдија одличната форма и останаа во трката за врвот, каде што имаат ист број бодови со Интер. Гостите поведоа во првото полувреме преку Оливер Провстгард, кој со удар со глава ја искористи асистенцијата на Матија Закани. Јувентус се обиде да се врати во игра по паузата, но не ги искористи своите шанси, а казната стигна во 62. минута.
Густав Исаксен ја зголеми предноста на Лацио со прецизен удар во долниот агол, оставајќи ги домаќините во тешка позиција. Конечниот удар го зададе Фисајо Деле-Баширу, кој во финишот повлече контранапад од сопствената половина и со одлична завршница ги постави конечните 3:0. За Јувентус ова е тежок домашен пораз, додека Лацио ја забележа првата гостинска победа против „старата дама“ во Серија А од октомври 2017 година. Римскиот тим со овој триумф покажа дека сериозно може да се вмеша во борбата за највисок пласман.

