Меѓународен фудбал Фудбал

Јувентус и Јунајтед договараат преселба на Џошуа Зиркзе во Торино

Џошуа Зиркзе е на чекор до заминување од Манчестер Јунајтед и враќање во италијанската Серија А. По неуспешните преговори за Рандал Коло Муани, Јувентус го постави Холанѓанецот како прва мета за нападот.

Двата клуба преговараат за едногодишна позајмица со право на целосен откуп за околу 30 милиони фунти. Самaта понуда и личните услови веќе биле прифатени од страна на фудбалерот и неговиот агент.

Зиркзе не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“, каде минатата сезона кај Рубен Аморим и Мајкл Керик забележа само пет натпревари како стартер. Вкупно за Црвените ѓаволи постигна скромни 9 гола на 75 меча.

Италијанскиот гигант има итна потреба од нов центарфор по истекот на договорот на Душан Влаховиќ и заминувањето на Луис Опенда. враќањето во Италија, каде Зиркзе претходно блескаше во тимот на Болоња, изгледа како идеално решение за сите страни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.