Меѓународен фудбал Фудбал

Јувентус го посакува Елмас во своите редови

Елиф Елмас повторно се најде во центарот на трансфер приказната во Европа, откако Наполи одлучи да не ја активира откупната клаузула и го врати македонскиот репрезентативец назад во РБ Лајпциг, клуб со кој има договор до 2028 година. Иако неговата иднина изгледаше поврзана со Бундеслигата, италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас би можел многу брзо повторно да се врати во Серија А. Според информациите на „Тутомеркато“, интерес за него покажува Јувентус, кој внимателно ја следи ситуацијата околу неговиот статус.

Клучна улога во потенцијалниот трансфер би можел да има и тренерот Лучијано Спалети, кој добро ги познава квалитетите на Елмас од заедничкиот период во Наполи. Неговата разновидност и способност да покрие повеќе позиции во средниот ред го прават атрактивна опција за торинскиот гигант. Покрај Јувентус, интерес има и од Англија, каде Астон Вила ја следи ситуацијата, но засега приоритетите на клубот се насочени кон други засилувања, што им остава простор на „бјанконерите“ да реагираат.

Во својата кариера Елмас настапуваше за Работнички, Фенербахче, Наполи, Торино и РБ Лајпциг, а останува да се види дали летово ќе ја направи новата голема преселба во Серија А.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.