Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Јуто Нагатомо во солзи го прослави нестварниот мундијалски рекорд!

Именувањето на 39-годишниот Јуто Нагатомо на конечниот список на Јапонија за Светското првенство беше едно од најголемите изненадувања на овој турнир. Искусниот дефанзивец беше вратен во националниот тим од селекторот Хаџиме Моријасу по тригодишна пауза, со јасно образложение дека неговиот авторитет во соблекувалната и огромното мундијалско искуство се неопходни за тимот. Ноќва, на натпреварот против Шведска во Тексас, Моријасу го внесе Нагатомо во игра во 75-тата минута, потег со кој легендарниот бек се пресели во фудбалската бесмртност.

Ова беше 146-ти натпревар за поранешниот играч на Интер во националниот дрес, со што тој испиша златни страници во историјата на азискиот фудбал. Нагатомо стана првиот и единствен фудбалер од овој континент кој успеал да учествува на дури пет Светски првенства. Од Јужна Африка во 2010 година, па сè до актуелниот Мундијал во 2026 година, тој полни 16 години со ист гордост го брани грбот на својата земја додека цели генерации се менуваа околу него. Сликата по натпреварот на која тој со подигната рака и пет раширени прсти се обидуваше да ги сопре солзите радосници, веќе е прогласена за еден од најмоќните моменти на ова првенство.

Нагатомо го заслужи овој историски момент со својот беспрекорен професионализам во текот на неговата богата кариера која трае веќе 21 сезона, бранејќи ги боите на Меиџи, Токио, Чезена, Интер, Галатасарај и Марсеј. Во 2021 година тој се врати во својот матичен клуб ФЦ Токио и порача дека нема намера да се пензионира сè додека се чувствува подготвен да одговори на предизвиците на теренот. За каков голем спортист станува збор, најдобро говори податокот дека неговиот единствен црвен картон во европската кариера го заработи во октомври 2012 година во дресот на Интер, и тоа по два жолти картони на големото градско дерби против Милан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.