Кошарка Меѓународна кошарка

Јута Џез ја продолжи соработката со Јусуф Нуркиќ!

Јусуф Нуркиќ и официјално останува дел од Јута Џез, откако НБА-клубот ја продолжи соработката со искусниот центар и за наредниот период. Според американските медиуми, новиот договор е вреден околу 22 милиони долари. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина зад себе има успешна сезона во која се наметна како еден од најважните кошаркари на Јута. Во 41 натпревар бележеше просек од 10,9 поени, 10,4 скока и 4,8 асистенции, а воедно постави и клупски рекорд со три последователни трипл-дабл настапи.

По повредата на Вокер Кеслер, Нуркиќ ја презеде улогата на стартен центар и беше еден од лидерите на тимот, како на паркетот, така и во соблекувалната. Неговиот придонес беше пофален и од тренерот Вил Харди, кој истакна дека искусниот центар има огромно влијание врз развојот на младите кошаркари. Нуркиќ не крие дека во Солт Лејк Сити повторно ја пронашол радоста од играњето кошарка и верува дека Јута има потенцијал во иднина да изгради конкурентен тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.