Машката јуниорска репрезентација на Македонија дојде до својата прва победа на Европското првенство, во Дивизија „Б“ во Хрватска, откако во последното коло од групата Д ја совлада селекцијата на Шведска со 69:60.
Нашите кошаркарски надежи одиграа фантастично второ полувреме и со сигурна игра го заверија триумфот кој им носи пласман во разигрувањето за позиционирање од 9. до 16. место.
Вистински лидер на теренот беше капитенот Григориј Ѓорѓевиќ, кој за малку не оствари трипл-дабл учинок со 17 поени, 11 асистенции и 8 скока.
По задолжителниот ден за одмор, македонските репрезентативци ги продолжуваат борбите за заземање на што повисока позиција во конечниот пласман на шампионатот.

