Машката јуниорска репрезентација на Македонија претрпе втор пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Ријека и Опатија, откако во драматичен финиш загуби од Босна и Херцеговина со 86-75. И покрај тоа што нашите кошаркари контролираа голем дел од мечот, противникот со подобра игра во завршницата стигна до пресврт.
Македонија одигра одлични три четвртини и во повеќе наврати имаше предност од осум до девет поени. Во нападот предводеа Ѓорѓевиќ со 21 поен и Цветковски со 20, додека двоцифрени беа уште и Данев со 14 и Нешовиќ со 10 поени. Сепак, БиХ го фати ритамот во последната делница, направи серија при резултат 69-69 и го реши мечот во своја корист.
За нашите млади кошаркари нема многу време за жалење. Тие веќе утрово го играат натпреварот од третото коло во групата Д против селекцијата на Унгарија, каде што бараат прва победа на шампионатот.

