Манчестер Јунајтед веќе инвестираше речиси 100 милиони евра за засилувањата Андреј Сантос и Јури Тилеманс, но реконструкцијата на тимот од „Олд Трафорд“ тука не застанува. Според информациите од Франција, англискиот гигант подготвува нов голем потег на пазарот, а прво име на нивната листа со желби е играчот за врска на Рома, Ману Коне.
Италијанскиот клуб бара околу 55 милиони евра за францускиот интернационалец, чија вредност додатно порасна по одличните настапи на Мундијалот. Иако за неговиот потпис се распрашува и Арсенал, Јунајтед во моментов важи за главен фаворит во трката. Клубот во Коне гледа идеален профил на играч со физичка моќ, квалитет кој во моментов му недостасува на нивниот среден ред.
Покрај Коне, раководството на „црвените ѓаволи“ ја разгледува и можноста за ангажман на Исмаила Сар од Кристал Палас како засилување за десната крилна позиција. Сенегалскиот репрезентативец зад себе има извонредна сезона со 21 постигнат гол, а дополнително блесна и на Светското првенство со четири погодоци и две асистенции.
Неговата пазарна вредност се проценува на 40 милиони евра. Ова не е првпат Јунајтед да покажува интерес за Сар, со оглед на тоа што преговори имаше уште во 2020 година, па останува да се види дали овојпат ќе дојде до официјализирање на трансферот.

