Меѓународен фудбал Фудбал

Јунајтед славеше на Стемфорд Бриџ, Челзи во се поголема криза

Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето во Лондон против екипата на Челзи со 1:0 и дојде до три многу важни бода во битката за место кое води во Лигата на шампиони. Црвените ѓаволи со оваа победа ја зголемија и предноста на Челзи на 10 бодови. Сините од Лондон се на шестата позиција и се повеќе заостануваат од позициите кои водат во Лигата на шампиони, а резултатската криза во која се наоѓаат се повеќе се продлабочува со овој нов пораз кој е четврти во низа.

Челзи беше подобар противник во текот на целиот натпревар, посебно во второто полувреме кога два пати го погодија и дирекот, но на крајот, доволен беше погодокот на Куња во 43-та минута од првото полувреме, по асистенцијата на Бруно Фернандез, за Јунајтед да замине со полн плен од Стемфорд Бриџ.

Ова беше 18-та асистенција за капитенот на Манчестер Јунајтед и во последните кола ќе има можност да го сруши рекордот од 20 асистенции на Тиери Анри и Кевин ДеБруине.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести