Меѓународен фудбал Фудбал

Јунајтед пресече за Рашфорд: Нема веќе позајмици, само комплетен трансфер!

Иднината на Маркус Рашфорд повторно е една од главните теми во европскиот фудбал откако челниците на Манчестер јунајтед донесоа дефинитивна одлука за неговиот статус. Иако англискиот напаѓач зад себе има одлична сезона во Барселона, каде што постигна по 14 голови и исто толку асистенции и помогна во освојувањето на Ла Лига, каталонскиот гигант поради финансиски проблеми не ја активираше опцијата за откуп вредна 30 милиони евра пред крајниот рок на 15 јуни. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сакала да избори нова позајмица за следната сезона, но од „Олд Трафорд“ добиле експресен негативен одговор бидејќи „црвените ѓаволи“ бараат исклучиво перманентна продажба.

На возраст од 28 години, Рашфорд се наоѓа на клучна раскрсница која може да го одреди остатокот од неговата кариера. Манчестер јунајтед сака брзо разрешување на оваа ситуација за да може непречено да го крои тимот за новата сезона, а доколку Англичанецот не остане во клубот, веќе има подготвени купувачи. За неговите услуги сериозен интерес покажуваат екипите на Астон Вила и германскиот гигант Баерн Минхен, кои будно ја следат ситуацијата и се подготвени да тргнат по неговиот потпис.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.