Меѓународен фудбал Фудбал

Јунајтед подобар во одличното дерби на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед го совлада Ливерпул со 3:2, во возбудливото дерби на „Олд Трафорд“, во натпревар кој ги исполни сите очекувања и ни понуди голови, шанси, борба и неизвесност.

Одлично го почнаа „црвените ѓаволи“ натпреварот, ја имаа иницијативата, беа растрчани по теренот и рано, уште во 6-та минута дојдоа до предност со голот ка Куња, за експлозија на „Олд Трафорд“. Во истиот ритам продолжија и после голот, константно напаѓаа, ствараа шанси, Ливерпул делуваше изгубено, а во 14-та минута Шешко го зголеми резултатот на 2:0, за потполно лудило на трибините. Ливерпул беше во нокдаун, Јунајтед ствараше шанси, можеше да постигне уште некој гол, но на полувремето се отиде со непроменет резултат.

Вториот дел започна со тотално заменети улоги, Јунајтед делуваше споро, изгубено, како друга екипа да излезе на теренот, Ливерпул заигра подобро и по само две минути игра во вториот дел, по катастрофалната грешка на Диало, кој влезе во вториот дел на местото на Шешко, со голот на Собослаи во 47-та минута, гостите го намалија резултатот. Брзиот гол ги врати целосно во игра гостите од Ливерпул, а домашната екипа продолжи со грешки. Девет минути подоцна, во 56-та минута, нова катастрофална грешка, овој пат на голманот Ламенс во сопствениот шеснаесетник, а Гакпо знаеше тоа да го казни и му донесе изедначување на Ливерпул и целосно враќање во натпреварот. Во продолжението Ливерпул беше подобар, имаше шанси и за целосен пресврт, но Јунајтед успеа да се стабилизира, па преку Коби Меино, кој стрелаше од работ на шеснаесетникот, дојде до нова предност во 77-та минута. Борбата на секоја педа од теренот продолжи и до крајот на натпреварот, но мрежите останаа да мируваат.

Со оваа победа Јунајед дојде до нови три бода и со 64 бода, на три кола пред крајот на првенството, останува на третата позиција и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Ливерпул сега заостанува шест бода позади својот најголем ривал и со 58 бода е на четвртата позиција, исто колку што има и Астон Вила, која има и утакмица помалку, против екипата на Тотенхем, вечерва во 21:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести