Неделната програма во англиската Премиер лига носи две исклучително интересни пресметки, а фокусот на фудбалската јавност ќе биде насочен кон „Гудисон Парк“ и „Емирати“.
Возбудувањата започнуваат од 15:00 часот со дуелот меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед. Домаќините традиционално се потпираат на цврстата игра и поддршката од трибините за да ги помрсат сметките на фаворитот, додека за црвените ѓаволи ова гостување претставува важен тест каде што императивот за освојување на сите три бода е на највисоко ниво. Евертон во овој натпревар влегува по успешниот старт на сезоната, каде во првите две кола забележа победа против Кристал Палас и одигра нерешено во дуелот со Борнмут, додека Јунајтед по лошиот старт и поразот од новајлијата Хул Сити на почетокот, во второто коло дојде до убедлива победа против Ипсвич.
Централниот настан на денот е закажан за 17:30 часот, кога на „Емирати“ ќе се одигра големото градско дерби меѓу Арсенал и Челзи. Шампионот предводен од Микел Артета влегува во пресметката со цел да ја потврди добрата форма и да го задржи перфектниот скор пред своите навивачи, додека Челзи доаѓа со амбиција да направи изненадување на теренот на директниот ривал за високите позиции на табелата. Тимот предводен од Алонсо на клупата, во првите две кола забележа две победи, против Фулам и Брајтон, во натпревари полни со голови и возбудувања, играјќи на гол повеќе од противникот, додека шампионот на Англија, ја продолжи својата препознатлива форма и игра од минатата сезона и во првите две кола запиша исто толку победи, против Ковентри и Астон Вила, без притоа да прими гол, односно во воведните две кола противниците успеаја да упатав само еден урад во рамките на голот на „Топчиите“.

