Други спортови Одбојка

Јошко Миленковски го објави составот за ЕвроВолеј 2026

Во пресрет на стартот на подготовките за четвртото во низа Европско првенство на машката сениорска репрезентација, селекторот Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на кој се најдоа 18 одбојкари.

Поголеми изненадувања или промени во изборот нема, а Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко Спасов, кој ќе има обврски со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, како и либерото Ване Арапов.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 5 август на пладне во хотелот „Монтана“ во Крушево, каде екипата ќе го одработи првиот дел од подготовките за ЕвроВолеј 2026.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска.

Македонија е дел од групата Б во Софија, каде покрај домаќинот Бугарија (со кој го отвора првенството на 9 септември) за противници ги има и селекциите на Полска, Украина, Португалија и Израел.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.