Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Јошида пред Спор Тото: Ќе дадеме 100% за одбрана на круната

Ракометарите на ГРК Охрид ги финишираат последните подготовки пред стартот на новата европска авантура, каде што пред својата публика во салата „Билјанини извори“ ја започнуваат одбраната на трофејот во Европскиот куп на ЕХФ. „Гладијаторите“ преку дводневен двобој против турскиот претставник Спор Тото СК ќе бараат пат кон следната фаза, откако претходно не добија вајлд-карта за настап во Европската лига.

Во таборот на охриѓани владее висока самодоверба и мобилизација, а тоа го потврди и јапонскиот интернационалец во редовите на тимот, Шуичи Јошида, кој истакна дека целата екипа е подготвена да остави срце на паркетот.

„Подготвени сме за овие два натпревари. Знаеме дека ќе биде тежок предизвик, но веруваме во себе и во нашиот тим. Ќе се бориме заедно, ќе дадеме 100% на теренот и ќе дадеме сè од себе за да го постигнеме посакуваниот резултат“, изјави Јошида.

Двата натпревари ќе се одиграат во Охрид на 23 и 24 октомври со почеток од 18:30 часот. Клубот веќе ги пушти во продажба влезниците, поединечниот билет за еден натпревар чини 200 денари, додека блок-билетот кој важи за двете европски пресметки е достапен по цена од 300 денари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.