Кошарка Меѓународна кошарка

Јокиќ во Оклахома !?

Раната елиминација на Денвер од Минесота ги подгреа гласините за можна радикална реконструкција на Нагетс, а најшокантната теорија доаѓа од влијателниот НБА агент Нејт Џонс. Иако звучи како научна фантастика, постои сценарио според кое Никола Јокиќ би можел да заврши во редовите на Оклахома Сити Тандер. Џонс верува дека доколку Оклахома не најде решение за доминацијата на Виктор Вембањама и Сан Антонио, токму српскиот центар би бил нивното главно оружје за одговор. Она што ја прави оваа идеја остварлива е огромниот број на драфт-пикови со кои располага Оклахома, вклучувајќи ги и токму оние на Денвер за 2027 и 2029 година, кои би биле совршена валута за Нагетс доколку решат да го „наплатат“ својот најдобар играч.

Додека навивачите тешко можат да го замислат Јокиќ во друг дрес, притисокот расте и од Лос Анџелес, каде Лејкерси веќе подолго време сонуваат за негов тандем со Лука Дончиќ. Управата на Денвер е пред тешка одлука дали овој тим го достигнал својот максимум или има сила за уште еден напад на титулата со сегашниот костур. Иако во овој момент ваквиот трејд изгледа малку веројатен, историјата на НБА лигата нè научила дека во овој бизнис апсолутно ништо не е невозможно. Ако понудата е доволно „тешка“, дури и најдобриот кошаркар на планетата може да ги спакува куферите за нов предизвик.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести