НБА лигата ги објави имињата на трите кошаркари кои влегоа во најтесниот избор за МВП наградата за 2025/26 сезоната. Очекувано, на листата се најдоа имиња кои беа и главни фаворити. Никола Јокиќ, Шеи Александар и Виктор Вембенјама со своите извонредни настапи оваа сезона, повеќе од заслужено се во финалниот избор. Дончиќ иако ја доби жалбата за правилото „65 одиграни натпревари“, сепак не се најде на финалната листа, иако и тој имаше неверојатна сезона.
Во битката за дефанзивец на годината се најдоа Виктор Вембенјама, Чет Холмгрен и Осар Томпсон. Дебитант на годината ќе биде еден од Ви-Џеј Еџкомб, Кон Кнупел и Купер Флег. За најдобар шести играч ќе се одбира помеѓу Тим Хардавеј Џуниор, Хајме Жакез Џуниор и Келдон Џонсон. „Clutch“ играч на годината: Ентони Едвардс, Шеи Гилџус-Александер и Џамал Мареј, а тренер на годината ќе биде еден од Џеј-Би Бикерстаф, Џо Мазула и Мич Џонсон.

