Меѓународен фудбал Фудбал

Јохан Манзамби пред трансфер во Њукасл

Младиот швајцарски напаѓач Јохан Манзамби е пред голем трансфер во англискиот Премиерлигаш Њукасл. Неговите одлични настапи на Светското првенство веднаш го привлекоа вниманието на пазарот. Челниците на Њукасл реагираа брзо и постигнаа начелен договор со германски Фрајбург. Трансферот ќе изнесува рекордни 60 милиони евра за германскиот клуб.

Германскиот тим ја прифати понудата, но сите детали ќе се финализираат по завршувањето на Мундијалот. Дваесетгодишниот Манзамби блесна на шампионатот како резервист против Босна и Херцеговина. Тој постигна два гола за само две минути на тој натпревар. Потоа запиша и клучна асистенција против Алжир за пласман во осминафиналето.

Зад младиот офанзивец е одлична клупска сезона во дресот на Фрајбург. Манзамби забележа седум голови и девет асистенции на 47 одиграни натпревари. Тој стигна и до финалето во Лигата на Европа со својот тим. Поради полесна повреда го пропушти мечот со Колумбија, но ќе биде подготвен за четвртфиналето против Аргентина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.