Меѓународен фудбал Фудбал

Јирген Клоп официјално е нов селектор на Германија!

Јирген Клоп и официјално е промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Поранешниот предводник на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул беше претставен на прес-конференција во Франкфурт. Тој стави потпис на четиригодишен договор кој ќе трае сè до завршувањето на Светското првенство во 2030 година.

Претседателот на германскиот сојуз Бернд Нојендорф соопшти дека одлуката била донесена со едногласна поддршка. Клоп станува тринаесеттиот селектор во историјата на германскиот национален тим. Разговорите започнаа по елиминацијата на Германија од Светското првенство и заминувањето на Јулијан Нагелсман. Првата нивна средба се одржа на 11 јули во Њујорк.

Познатиот стратег официјално ќе ја преземе функцијата на 15 август. Негов главен предизвик ќе бидат настапите во Лигата на нации, Европското првенство во 2028 и Мундијалот во 2030 година.

Федерацијата постигна и интересен компромис со компанијата Ред Бул за предвремениот прекин на нивниот договор. Наместо класично обештетување, сојузот ќе донира еден милион евра во хуманитарната фондација „Винкс фор лајф“. Дополнително е договорено градот Лајпциг во иднина да биде домаќин на три натпревари на националниот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.