Јирген Клоп со нетрпение го очекува своето деби на селекторската функција во германската репрезентација. Искусниот стратег го презеде Бундестимот по Светското првенство во 2026 година, наследувајќи го Јулијан Нагелсман, а пред првиот натпревар испрати порака до германските навивачи. Клоп преку кратко видео им се обрати на поддржувачите на националниот тим и изрази задоволство што ќе ја предводи Германија.
„Здраво на сите. Некои од вас ме познаваат, некои можеби не. Јас сум новиот тренер на германската репрезентација и многу сум среќен поради тоа“, порача Клоп.
Новиот селектор воедно им се заблагодари на навивачите за поддршката која ја даваат на репрезентацијата без оглед каде настапува.
„Знам дека нè поддржувате низ целиот свет и ви благодарам за тоа. Можеби ќе се видиме на стадионот. Едвај чекам да започнеме“, додаде германскиот стратег.
Клоп на клупата на Германија ќе дебитира во исклучително интересен натпревар. Бундестимот на 24 септември ќе се соочи со Холандија, а само три дена подоцна следува дуелот со Грција. За Клоп ова претставува ново поглавје во неговата тренерска кариера. По долгогодишната работа на клупско ниво, каде што предводеше повеќе европски гиганти, сега за првпат ќе има задача да работи со национален тим.
Првите два натпревари ќе бидат и можност за новиот селектор да ги тестира своите идеи и да започне со создавање на тимот со кој Германија ќе влезе во новиот циклус.

