Светски првенства Фудбал

Јапонците ги дочека хаос во Мексико пред стартот на Мундијалот

Вистински шок доживеа фудбалската репрезентација на Јапонија по пристигнувањето во својата база во Мексико. Челниците на селекцијата се соочија со катастрофални услови во базата и веднаш упатија сериозен ултиматум до ФИФА и организаторите.

Јапонскиот тим требаше да ги одработи клучните подготовки во тренинг центарот на екипата на Тигрес. Самиот комплекс се наоѓал во мизерна состојба, па раководството на експедицијата се закани со итно повлекување од Светското првенство. Ваквиот радикален потег би предизвикал невиден скандал и преседан во фудбалската историја. Домаќините сепак реагираа експресно по силниот притисок. Проблемот беше надминат откако клубот Монтереј се согласи да им го отстапи својот најсовремен тренинг центар на користење.

„Самураите“ се наоѓаат во тешката група Ф на претстојниот шампионат, каде за ривали ги имаат селекциите на Холандија, Шведска и Тунис. Јапонија два натпревари од групната фаза ќе одигра во Арлингтон, каде ќе ги одмери силите со Холандија на 14 јуни и со Шведска на 25 јуни. Пресметката со Тунис е закажана за 20 јуни, а овој меч ќе се одигра во Гвадалупе. Ова е осмо последователно мундијалско учество за Јапонија, а нивниот најдобар успех на Светските првенства досега е деветтото место.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.