Кошарка Меѓународна кошарка

Јанис одговори на критиките на Риверс: Останав без зборови, прашајте го него зошто

По победата на Мајами Хит над Сакраменто (114:108), Јанис Адетокумбо отворено прозборе за изненадувачките изјави на својот поранешен тренер Док Риверс. Искусниот стратег пред неколку дена ја доведе во прашање кошаркарската интелигенција на грчката суперѕвезда и порача дека било многу тешко да се тренира, што предизвика сериозно изненадување кај крилниот кошаркар.

Ѕвездата на Мајами не го криеше шокот од ваквите зборови на донеодамнешниот предводник од Милвоки, јасно подвлекувајќи дека сега е целосно фокусиран на работата со Ерик Сполстра:

„Останав без зборови, ова е навистина лудост. Прво, тој веќе не е мој тренер, мој тренер е Сполстра. Го имате неговиот број, па мора да го прашате него зошто го изјавил тоа. Тоа е негова работа, а не моја. Порачувам до сите спортисти, никогаш не дозволувајте горчината и ситничарењето да ви застанат на патот кон целите и соништата.“

Со овој јасен одговор, двократниот МВП на лигата стави точка на прозивките од Страна на Риверс, истакнувајќи дека негов единствен приоритет е напредокот на Мајами. По трофејните години поминати во Висконсин, Адетокумбо летово отвори ново поглавје во кариерата со преселбата на Флорида, каде што од самиот старт се наметнува како предводник на новиот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.