Италијанскиот тенисер и број еден Јаник Синер, со победа во полуфиналето над Артур Фис со 2-0 (6-2, 6-4), се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Иатлијанецот веќе освои три мастерс турнири оваа сезона, а сега е на чекор од четвртиот. Младиот тенисер е во феноменална низа, нанижа 27 победи на мастерсите и го делат само 4 победи од тоа да го изедначи рекордот на Новак Ѓоковиќ, од 2011-та година.
Во првиот сет Синер беше доминантен и за помалку од 40 минути го заврши, дозволувајќи му на Фис да освои само 2 гема. Во вториот сет, францускиот тенисер, кој е 25-ти на ранг листата, пружи значително поголем отпор и се држеше во мечот, но сепак на крајот Синер го освои и овој сет и покажа зошто е број еден во моментов.
Италијанецот во финалето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Александар Блокс.

