Јаник Синер доминантно славеше во финалето на Мастерсот во Мадрид, против Александар Зверев со 2-0 (6-1, 6-2) во сетови, во меч кој траеше само 58 минути. Зверев немаше противигра за маестралниот Италијанец, кој уште од стартот започна со агресивна игра.
Со овој триумф, број еден рекетот во светот, испиша историја, како прв тенисер кој освоил пет последователни мастерс турнири, а ја продолжи и победничката серија на овие трунири, сега на 28 победи по ред, со што се доближи на само три победи од рекордот на Новак Ѓоковиќ.
Следен предизвик за 24-годишниот италијански тенисер ќе биде Мастерсот во Рим, каде ќе може да го достигне рекордот на Новак и да ја комплетира колекцијата на Мастерс трофеите.

