Еден од највозбудливите регионални ММА борци, Милош Јаничиќ, конечно ќе дебитира во елитната УФЦ организација. Пред домашната публика во Белград, тој ќе ги одмери силите со францускиот борец Ноа Гуњон.
Подготовките за овој важен меч Јаничиќ најголемиот дел ги одработи во познатите кампови на Тајланд. Тој истакна дека потписот доцнел бидејќи поискусните борци одбивале да влезат во октагонот со него.
Веста за неговиот потпис предизвика огромно внимание на социјалните мрежи со над 200.000 лајкови. Јаничиќ очекува противникот од самиот почеток да тргне со силен притисок и панични соборувања.
Тој смета дека таквиот брз ритам на ривалот ќе биде негова најголема шанса за победа.
„Кога ќе се потроши и истроши, тогаш добро ќе го претепам и ќе ја завршам борбата“, изјави Јаничиќ.
Во неговиот агол ќе бидат Немања Милошевиќ, Лука Писариќ и неговиот главен тренер Бен. Борецот порача дека фановите во Арената може да очекуваат нов, јубилеен 20-ти нокаут во неговата кариера.

