Меѓународен фудбал Фудбал

Јаневски и Милевски се главни фаворити за клупата на Вардар

По експресната елиминација од Европа и тешкиот пораз во дербито против Шкендија, раководството на Вардар се раздели со тренерот Фабијани. По лошиот почеток на сезоната, „црвено-црните“ се во потрага по нов стратег кој ќе го врати тимот во победнички ритам, а главни кандидати за клупата се двајца поранешни македонски селектори, Чеде Јаневски и Благоја Милевски.

Јаневски веќе го оствари најголемиот клупски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, а по заминувањето од Вардар во 2018 година работеше во кипарското првенство. Од друга страна, Милевски со „црвено-црните“ има освоено титула и како играч и како тренер во 2013 година, по што следеа успешни ангажмани на чело на младинската и сениорската репрезентација. Иако летово ја одби понудата од Шкендија, тој е отворен за камбек во клубот каде што остави голем траг.

Разговорите со кандидатите ќе се интензивираат во наредните денови, а раководството мора брзо да реагира бидејќи Вардар го очекува тежок предизвик и гостување против Струга ТЛ веќе на 15 август.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.