Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, подготвува нов медиумски проект во Грција. Според пишувањата на грчките медиуми, тој добил зелено светло за покренување на телевизискиот канал „CNN Greek TV“. Јанакопулос преку DPG Digital Media веќе има долгогодишна соработка со CNN, а групацијата од 2016 година го води информативниот портал CNN Greece. Договорот меѓу двете страни неодамна бил продолжен до 2035 година.
За телевизискиот проект интерес покажала и Antenna Group, но предност добила DPG Digital Media поради постојната соработка со CNN. Во моментов се формира тимот кој ќе работи на новиот канал, чие седиште се очекува да биде во Кифисија, каде што веќе се наоѓа редакцијата на CNN Greece. Со ова Јанакопулос го проширува своето делување надвор од спортот и прави нов чекор во грчкиот медиумски простор.

