Меѓународен фудбал Фудбал

Јамал се „мајтапи“ со Реал Мадрид! (ФОТО)

Ривалството помеѓу Барселона и Реал Мадрид одамна ги надмина границите на зелениот терен, претворајќи се во постојана војна на симболи и зборови. Секоја титула е нова прилика за славење, но и за директни „боцкања„ кон вечниот противник кои ја зовриваат атмосферата кај навивачите. Кога во центарот на вниманието е најголемата млада ѕвезда на светот, секој потег добива димензија на вистински фудбалски земјотрес.

Прославата на 29-тата титула низ улиците на Барселона помина во знакот на еуфорија, но еден момент стана апсолутен хит, a  главната улога ја имаше Ламин Јамал. 18-годишниот фудбалски феномен реши да го зачини славењето со директен удар кон „Кралскиот клуб“.

Младиот офанзивец се појави со дрес во каталонски бои на кој беше испишана порака која веднаш стана вирална: „Фала му на Господ што не сум навивач на Реал Мадрид“. Овој потег на вундеркиндот предизвика делириум меѓу присутните фанови на Барса, но и лавина од реакции во Мадрид.

Ова не е прв пат Јамал јавно да го покажува својот анимозитет кон големиот ривал, потврдувајќи дека покрај талентот, го поседува и тој специфичен „бунтовнички“ карактер кој навивачите едноставно го обожаваат. Додека Барселона го слави својот нов трофеј, Јамал уште еднаш покажа дека знае како да го погоди противникот таму каде што најмногу боли.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести