Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Јамал пред Мундијалот: На теренот се чувствувам како суперхерој!

Додека Шпанија се подготвува за Светското првенство, Ламин Јамал признава дека воопшто не чувствува притисок пред големите натпревари бидејќи фудбалот го игра цел живот, а најголемиот мир му го носи поддршката од родителите на трибините. За сајтот на ФИФА, 18-годишната ѕвезда на Барселона објасни дека неговата игра зависи од чиста радост, па кога е среќен на теренот, се чувствува моќно и незапирливо како суперхерој, ниво што сака да го повтори и на претстојниот Мундијал.

Иако моментално „брза” со рехабилитацијата од повреда, медицинскиот тим е оптимист дека тинејџерот ќе биде целосно подготвен за предизвиците во групата Х, каде „Црвената фурија“ го започнува својот поход во Атланта против Зеленортски Острови на 15 јуни и Саудиска Арабија на 21 јуни, пред да се соочи со Уругвај во Мексико на 26 јуни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.