Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Јамал: Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот

Младата ѕвезда на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, повторно зборуваше со голем респект за Лионел Меси, истакнувајќи дека Аргентинецот е без конкуренција кога станува збор за најдобрите фудбалери на сите времиња.

Повод за неговите зборови беше одличниот настап на Меси на стартот од Светското првенство 2026, каде аргентинскиот капитен постигна хет-трик и уште еднаш го привлече вниманието на фудбалската јавност.

„Мојот идол отсекогаш бил Нејмар поради начинот на кој игра, но Меси е најдобриот што некогаш се појавил на фудбалските терени. Тоа го докажува одново и одново“, изјави Јамал.

Шпанскиот репрезентативец се осврна и на својата физичка подготвеност по повредата што го оддалечи од терените во изминатиот период. Тој истакна дека се чувствува значително подобро и е подготвен да добива сè поголема минутажа.

„Сè уште не сум подготвен за цел натпревар, но можам да помогнам колку што ќе одлучи селекторот. Најважно е што повторно сум здрав и со нетрпение ги очекувам следните предизвици“, порача Јамал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.