Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Јамал го избра Меси за најдобар играч на Светското првенство 2026!

Ламин Јамал со големи пофалби за Лионел Меси по настапот на Светското првенство во 2026 година. Младиот шпански репрезентативец смета дека аргентинската суперѕвезда била најдобриот фудбалер на турнирот, иако Меси на 39-годишна возраст не успеа да ја освои титулата.

Меси одигра осум натпревари на Мундијалот и постигна осум гола, а според Јамал, токму неговите настапи и влијанието во клучните моменти биле нешто што особено се издвоило.

„Целиот свет знае дека тој е најдобриот во историјата, но никој не очекуваше турнир каков што имаше. Во секој натпревар го покажуваше својот талент и ја предводеше Аргентина до финалето. Аргентина има одлични фудбалери, но Лео секогаш беше тука кога беше најпотребно“, изјави Јамал, пренесува „Мундо Депортиво“.

Фудбалерот на Барселона дополнително го истакна фактот што Меси успеал да игра на толку високо ниво и покрај својата возраст.

„За мене, тој беше најдобриот играч на Светското првенство. Никој не очекуваше постар фудбалер, дури ни Лео, да може да прави такви работи на ова ниво“, додаде Јамал.

Меси со Аргентина стигна до големото финале, но таму не успеа да го освои вториот последователен трофеј. Шпанија славеше со 1:0 по продолженијата и ја освои светската титула.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.