Меѓународен фудбал Фудбал

Јалови напади на ПСЖ, Арсенал со гол предност на полувреме!

Арсенал има минимална предност од 1:0 по првите 45 минути во големото финале на Лигата на шампионите против ПСЖ. Англискиот состав профитираше уште во раната фаза од натпреварот, кога Каи Хаверц во 6-тата минута максимално ја искористи невнимателноста и големата грешка во одбраната на парижани за почетна радост на „топџиите“.

По постигнатиот погодок, избраниците на Микел Артета свесно се повлекоа на својата половина и целосно му го препуштија поседот на топката на противникот. Сепак, ПСЖ тешко наоѓаше простор во згуснатиот среден ред, па францускиот гигант не успеа да создаде ниту една посериозна прилика пред противничкиот гол. Тандемот Габриел и Салиба командува со дефанзивата на Арсенал на навистина беспрекорен начин.

Засега, најопасното оружје на ПСЖ, нападот составен од Дембеле, Кварацхелија и Дуе, е целосно неутрализиран и отсечен. Пред Луис Енрике е сериозен предизвик во вториот дел. Шпанскиот стратег ќе мора експресно да изнајде тактичко решение за да го пробие челичниот бедем на Арсенал, доколку сака неговиот ПСЖ втора година по ред да се качи на врвот на Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.