Меѓународен фудбал Фудбал

Јакин пред Македонија цели кон експресно враќање во елитата!

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, испрати јасна и недвосмислена порака пред стартот на новиот циклус во Лигата на нации, неговата селекција доаѓа во Скопје исклучиво со мисли за победа и експресен пат назад кон елитната А-дивизија.

Швајцарците веќе го одработуваат својот подготвителен камп во Турција, од каде што ги брусат последните детали пред пеколниот ритам од четири натпревари во рок од само 11 дена. По смената на генерациите и заминувањето на неколку искусни репрезентативци, Јакин овој интензивен период го гледа и како совршен полигон за тестирање нови сили на официјални сцени.

„По одличниот настап на Светското првенство во Северна Америка, сакаме да продолжиме во ист ритам и да избориме промоција во Лигата А. Овој згуснат период со четири меча во три различни земји мораме да го искористиме максимално за да си обезбедиме одлична почетна позиција. По неколкуте пензионирања во тимот, ова е идеална можност за нови или помалку користени фудбалери да си го потврдат своето место во тимот“, истакна Јакин.

Првиот испит за Швајцарците е закажан тoкму за 26 септември во Скопје против репрезентацијата на Македонија. Веднаш потоа швајцарската експедиција патува за Глазгов на двобој против Шкотска (29 септември), пред да се врати во Луцерн каде што ќе одигра два последователни домашни натпревари, против Словенија на 3 октомври и реваншот со Македонија на 6 октомври.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.