Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Јакин најави можни промени, против Босна ќе биде сосема поинаков натпревар…

Селекторот на швајцарската репрезентација Мурат Јакин, најави дека неговиот тим со максимална сериозност го очекува следниот предизвик на Светското првенство, нагласувајќи дека противникот заслужува голема почит.

„Во овој натпревар влегуваме со голема почит. Ќе биде физички многу тешка средба, но ние сме подготвени. Против Катар би го поставил истиот тим бидејќи тоа функционираше одлично. Сепак, сега се соочуваме со поинаков противник кој игра со различна тактика. Тоа исто така претставува можност за одредени промени“, изјави Јакин.

Швајцарците во првото коло ремизираа против Катар, а селекторот беше задоволен од прикажаното на теренот. Сепак, тој смета дека секој натпревар на Мундијалот носи нови предизвици и бара различен пристап во подготовката и тактиката.

Јакин не откри конкретно кои промени би можел да ги направи во стартниот состав, но нагласи дека располага со квалитетен ростер и дека секој играч е подготвен да ја искористи шансата. Швајцарија ќе се обиде да стигне до првата победа на турнирот и да направи значаен чекор кон пласман во нокаут-фазата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.